Добро е! Локалните власти бар минимално прореагираа – иако не поради одговорност, туку поради страв од јавна критика. Со оглед на нивната матрица, не не’ зачудува што секоја наша објава наидува на нивен сарказам и навреди бидејќи не знаат поинаку, но гледаме дека сепак сериозно ги сфаќаат објавите – бидејќи по неа следува некаква реакција на терен. Жалосно е што тоа е максимумот на нивните капацитети. Но, неспособноста на раководниот кадар, особено во јавните претпријатија, е нешто на што очигледно не можете (или не сакате) да влијаете, ваше власништво. Градските гробишта во Охрид – место каде што секој човек оддава почит на некој свој близок, денес се претворени во симбол на запуштеност и срам.Сликата таму е поморбидна, полоша и побезнадежна од кога било.А граѓаните – плаќаат дупло повисоки сметки за таканаречени „услуги“ на ЈП ,,Градски гробишта”. За возврат – добиваат недостоинство, нечистотија и целосно отсуство на грижа. Го повикуваме директорот на ЈП ,,Градски гробишта” и локалната власт да излезат пред граѓаните и да им одговорат и објаснат – за што точно ги трошат парите од граѓаните?!
Ќе се разбуди ли конечно началникот на СВР Охрид, или ќе продолжи да го преспива својот мандат?
Охриѓани веќе десетина дена се сведоци на комплетен хаос во сообраќајот кај кружниот тек кај ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – ниту еден ден не е забележан ниту еден присутен сообраќаец.
Дури ни тогаш кога ни сигнализацијата не беше обележана, ни тогаш кога и снимки од опасните ситуации завршуваа на интернет страниците, за сеири и мајтапи.
Да не го заборавиме и невидениот хаос пред Автобуската станица во Охрид – преполн со таксисти, дел од нив нерегистрирани и работат на диво, без контрола, без ред и без санкција.
Како шлаг на неодговорноста – денес, граѓаните на стариот дел од Охрид беа изненадени со целосно затворање на пристапот до нивните домови, без ниту едно соопштение, без никаква најава, поради посета на висока делегација. Протоколот за работа во вакви ситуации го знае секој обичен граѓанин, освен очигледно оние што се дел од високото раководство на СВР Охрид.
Додека не се способни ниту за најосновните задолженија, едно нешто очигледно добро им оди: малтретирање на политички неистомисленици. На тоа потрошија цела година од својот мандат.
Началникот на СВР Охрид остана глув и слеп на состојбата која секојдневно ги загрозува граѓаните.
Охрид заслужува одговорна, професионална и транспарентна полиција – а не раководство кое со месеци молчи, избегнува одговорност и бега од работа. Охриѓани заслужуваат да се чувствуваат безбедно во својот град, а не да нема движење на ниту еден полицаец по улиците.
Град кој не им нуди безбедност на своите жители, е град чие раководство не умее да го носи товарот на секојдневието. Се ближи датумот за одговорност за пустошот кој ДПМНЕ ни го остава во градот.












