Со длабока жал и болка соопштуваме дека денес нашето училишно семејство го напушти Силвија Мојсовска – наставник по македонски јазик и книжевност, информираат од OОУ „Григор Прличев“ од Охрид.
– Повеќе од 20-тина години од својот работен век Силвија ги помина како наставник по македонски јазик во нашето училиште, посветувајќи се пред се’ на втемелување љубов на децата кон својот мајчин јазик, но и доследен поддржувач на модерните теркови на настава и воспитно – образовниот процес. Силвија својата амбиција и желба за работа ги преточуваше во многу дела кои често ги китеа нашите претстави и програми, дела кои остануваат да сведочат за нејзината оргиналност. Своевремено повеќе години беше и директор на нашето училиште. Наставниците сведочат за нејзината љубезност, срдечност и трпеливост секогаш да ислуша, но и за нејзината духовитост која беше мотив и ветер во грб на сите.
Нашата Силва вечно ќе ја паметиме по нејзината ведрина и колегијалност. Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејството, порачаа од училиштето