АктуелноОхрид

(ФОТО) Туристички автобус паркиран пред Горна Порта веќе четири дена

Нова сезона, стари проблеми. Туристи, екскурзии … но дали тие ги почитуваат правилата?

Граѓани до редакцијата на Охрид 1 испратија фотографии на кои се гледа паркиран туристички автобус пред Горна Порта.Велат дека автобусот е тука паркиран веќе четврти ден.

Како во секој туристичи град така и во Охрид има сообраќајни правила. Во центарот на Охрид автобусите можат да застанат само кога истовараат патници и веднаш да си заминат на паркингот за автобуси во близина на спортската сала Билјанини извори. А во Стариот дел на Охрид автобуси скоро никогаш и не се качуваат, а не камоли да паркираат.

Граѓаните додаваат дека сезоната не е официјално започната, а веќе почнаа да се соочуваат со проблеми и потенцираат дека редовно апелираат до надлежните да се изнајде решение во интерес на сите.