Во допис до нашата редакција граѓани кои живеат на улицата „15ти Корпус“ бараат до надлежните да бидат поставени забавувачи на брзината или таканаречени „легнати полицајци“ за забавување на брзината на возилата кои сообраќаат по оваа улица.
Додаваат дека по таа улица постојано се движат деца кои одат на училиште а голем број несовесни возачи не ја почитуваат брзината која е пропишана на оваа сообраќајница.













