Охридскиот РОТАРИ КЛУБ вечерва одбележува јубилеј – 20 години од формирањето. Собирот се одржува во „Куба Либре“ и на настанот се присутни членовите на клубот и други поканети гости од градот.


Ротари клубот е формиран на 2 април 2005 година, во хотел „Гранит“, кога дел бизнис и интелектуалната елита ја започнаа приказната на охридското Ротеријанство. Потоа низ децениите клубот во повеќе наврати прими помлади членови, а тој трент очигледно продолжува и денес.
