МагазинНаш ИзборНаш изборОхрид

Хотел Славија повторно ја отвора реновираната сала за свадби

Почитувани охриѓани и гости, со особено задоволство Ве информираме дека надалеку познатиот охридски хотел Славија повторно ги отвора вратите на својата целосно реновирана сала за свадби!

Салата за свадби на хотел Славија со децении беше синоним за најубавите и највеселите свадбени прослави во Охрид. Многу генерации ги започнаа своите брачни патувања токму во овој амбиент, а сега, со нов сјај и модерна опрема, салата е подготвена да продолжи со својата богата традиција.

Целосно реновирана и опремена со нов, елегантен мебел и најсовремена техничка опрема, салата за свадби на хотел Славија нуди совршен спој на традиција и модерност. Со својот освежен изглед и врвна услуга, повторно ќе биде место каде ќе се создаваат незаборавни спомени од Вашите најважни животни моменти.

Лоциран на самото брегот на Охридското Езеро, во прекрасна природна околина, хотел Славија нуди и исклучителна амбиентална вредност за Вашите свечености.

Дозволете ни да бидеме дел од Вашата среќа! Контактирајте нѐ и резервирајте го Вашиот термин во реновираната сала за свадби на хотел Славија – местото каде традицијата се среќава со новиот сјај!

Информации и резервации:

📞 070 277 742
📧 reservations@slavijabeachresort.com