Проф.д-р Ристо Речкоски присуствуваше со свој научен труд од областа на правото и туризмот во Македонија, на 6та Светската Конференција за Менаџмент на Туризмот Низ Континентите – Туризам за подобар свет, кој се одржа во Истанбул, Турција, во периодот од 30.4.2025 до 3.5.2025 г. Многу важно е да се напомене дека на оваа конференција учествуваа повеќе од 400 учесници, со над 300 трудови од педесетина земји од сите континенти во светот. Тој беше единствен од регионот и достојно го претстави Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, така и нашиот Охрид и нашата држава Република Македонија.
Покрај другите значајни активности, тој оствари контакти со навистина врвни светски професори, кои се во редот на најистакнатите од оваа област во целиот свет, како на пр. Проф.д-р Димитриос Бухалис од Универзитетот Бурнемаут во Обединетото Кралство, кој е во топ 3 професори од оваа област во целиот свет. Исто така остварени се покрај професионални и приватни контакти со проф. д-р Џин Хои Чан од Универзитетот во Кембриџ, одделот за судии, Гринвич, Обединето Кралство, како и домаќинот проф. д-р Мухарем Туна, Претседателот на ТУАДЕР (Асоцијација на сите турски академски кадри од туризмот), како и претставник на коорганизаторот Проф.д-р Мухамед Кесгин, од Меѓународниот колеџ за угостителство и иновации од Рочестер Институтот во САД.
Од страна на проф. д-р Ристо Речкоски сите овие врвни стручњаци се поканети да го посетат Охрид како главна туристичка дестинација, како и да биде остварена научна и стручна соработка. Ваквите контакти се драгоцени, и на овој начин се прави голема промоција на ФТУ-Охрид, градот Охрид и Македонија секако.