На 02.05.2025 година во 23.40 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишен од слобода е (40) годишен охриѓанец, кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „Телесна повреда“.