Единствено нешто што СДСМ се обидува вешто да го прави се манипулациите. Па и објавата за ребалансот на буџетот за „Итно“ асфалтирање како што велите е дел од вашата кујна за манипулации.
Но, за јавноста да биде добро информирана ќе појаснам, а притоа можеби и вие ќе разберете за што станува збор. Ребалансот на буџетот се прави затоа што Општина Охрид е наградена со 109 милиони денари, средства кои се доделуваат поради успешното финансиско работење во изминатите три години, нешто што е мисловна именка за вас.
Потенцираните средства во износ од 43 милиони денари, се дел од погоре споменатите 109 милиони денари, а се одвојуваат во конто за Уредување на градежно земјиште, односно за да биде уште појасно, се одвојуваат за сопствено учество на Општина Охрид при реализацијата на 16те проекти со кои Општина Охрид аплицира денеска на вториот Јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, објавен од Министерството за локална самоуправа.
Задно со проектите од изминатата година и од оваа Општина Охрид за само 2 години реализира 25 проекти од суштинско значење за граѓаните, за кои никој во изминатите децении не се обидел да ги реши.
И за крај, наместо да изразите поддршка или да развиме дебата кои се поприоритетни проекти за граѓаните и да аплицираме, вие како по обичај се дрзнувате да критикувате се она добро што се прави за градот.