Охриѓанката Теа Донева , под менторство на тренерот Илија Спасески , стана државен првак во борење во категорија до 15 години со што продолжува серијата остварени успеси на борачите во клубот и тренерот. Таа денес овој успех го оствари на Државното првенство кое денес се одржа во Штип – град со долга традиција во спортот борење. Ова е огромен успех за охридското борење и претставува отскочна штица за Донева да продолжи со учество на други турнири. Борењето во нашиот град е нов спорт, без традиција , а првите охридски борачи се создадоа во последните само две години од како се основа Б.К. Аждер. Клубот од неодамна се пресели да работи во нови , современи простории каде младите борачи имаат далеку подобри услови за тренирање и учење на овој спорт.