АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охридската докторка Милена Богојевска Доксевска дел од тимот кој изведе трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент

Првпат во државата изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.
Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев и сестрите Злата Апостолоска и Гордана Захариева.
“Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот“, изјави д-р Богоевска-Доксевска, болничка координаторка за трансплантација на Клиниката за ортопедија.