АктуелноОхрид

Пецаков: Денеска остварив работна средба со Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид

Во придружба на министерката беа стручни лица од проектните едници на Министерството за европски прашања и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев.
На средбата разговаравме за можностите за искористување на европските и претпристапните фондови, со акцент на поддршката која овие програми ја овозможуваат за развојот на локалните заедници. Исто така беше разговарано за можностите за искористување на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД.
Ги запознав гостите со тековните проекти и планови во општината во насока на унапредување на инфраструктурата, екологијата и социјалната инклузија во Охрид. На состанокот беше потенцирано дека е потребно унапредување на соработката меѓу локалната и централната власт за поголемо искористување на меѓународните фондови кои се достапни на општините.
Во рамки на посетата, заедно со заменик министерката ја посетивме Инклузивната игротека за лица со церебрална парализа и Здружението на граѓани ВООПС, простор опремен со средства обезбедени преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Овој проект претставува пример за успешно имплементирана иницијатива која овозможува инклузивен пристап за децата и младите со попреченост во општествените процеси.