АктуелноОхрид

Кривична пријава за жител од Волино, кој по фудбалски натпревар нападнал фудбалер

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (43) годишен жител од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. По завршување на натпревар од третата фудбалска лига, одигран во Волино, пријавениот физички нападнал (25) годишно лице од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.