АктуелноОхрид

(ФОТО) Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“на терен во пролетно разубавување на градот

Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои☘️🌷🏵️
✅Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата цветаат во своето изобилство од бои, а дрвјата полека, но сигурно ја кројат својата крошна
✅Нашите екипи на терен на многу локации за хортикултурно средување на зелените површини: се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември”, се спроведуваат припремни активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.