АктуелноОхрид

„Мама Љубинка“ вработува: Бидете дел од тимот кој ги прави тортите и колачите за кои зборува целиот град

Бидете дел од тимот кој ги изработува тортите и колачите за кои зборува целиот град. Поради зголемен обем на работа и отворање на нов продажен објект, Вашата „Мама Љубинка“ распишува оглас за вработување.

– Работно искуство ќе биде предност, но не е услов за вработување. Возрасната граница нема. Бараме комуникативна и позитивна личност со желба за работа и секако да понесе со себе многу љубов за да ја додава во најубавите торти и колачи во градот, порачуваат од „Мама Љубинка“.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 075 45 32 97, на маил адресата info@mamaljubinka.com.mk или во порака на социјалните мрежи.

– Ве очекуваме, Вие сте еден телефон оддалечени од работа со тимот кој ги изработува тортите и колачите за кои зборува целиот град. Телефонот е 075 45 32 97. Наскоро се отвора нов продажен објект каде нашите највкусни торти, колачи но и одлично кафе ќе бидат уште поблиску до вас, додаваат од „Мама Љубинка“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес