АктуелноОхрид

153 години од раѓањето на Атанас Коцарев

Синоќа во Музејот на македонската борба за независност во Скопје со пригодна програма беа одбележани 135 годикни од раѓањето на светски познатиот онколог од Охрид д-р Атанас Коцарев.

Д-р  Коцарев има  високи научни откритија во областа на онкологијата и лекувањето на онколошките пациенти за што светската научна јавност му се восхитува и заблагодарува.

На синоќешниот настан пред присутните меѓу кои и амбасадорите на Франција и Швајцарија Кристофер Ле Риголер и Вероник Хулман, се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаковц.

– Чест и задоволство е да се присуствува на одбележување на 135 години од раѓањето на светски познатиот онколог од Охрид, д-р Атанас Коцарев. Неговите научни онколошки достигнувања во една од најделикатните и најболни медицински сфери допринеле да се спасат многу животи и токму поради тоа сетоа она што дене ќе го кажеме за него е премало, недоволно, едноставно.

Охрид како град на УНЕСКО е надалеку познат по својата природна и културна убавина, на која никој не останал рамнодушен. Но таа историска ризница од секогаш била збогатувана со познати културни и научни дејци, великодостојници на кои им се поклонувал Светот. Во многуте животни приказни кои будат восхит е уникатната приказна, за човек кој се родил во нашиот град и кој оставил бесценето наследство за човештвото – нашиот истакнат охриѓанец и врвен научник, д-р Анастас Коцарев.

Со ликот и делото на д-р Коцарев, Охрид ја комплетира својата биографија како место од кое потекнуваат голем број истакнати великани, кои оставиле значаен печат низ неговото милениумско постоење.

Општина Охрид веќе отпочна низа подготовки и активности со цел името на д-р Коцарев да го добие своето заслужено место во мозаикот на непроценливи вредности, кои внимателно ги чуваме и почитуваме. Ќе поведеме иницијатива за соодветно обележување на родната куќа на д-р Коцарев во Охрид, која подоцна би прераснала во музеј. Исто така, планираме да спроведеме постапка за именување на улица и медицинска установа со неговото име и да поведеме иницијатива, во наставните програми за учениците да се изучува за неговите научни достигнувања.

Сите овие наши планови и активности нема да бидат комплетни ако тука не бидат вклучени и Франција и Швајцарија, неговите втори татковини каде по волја на судбината и животните патишта таму студирал, работел и ги создал неговите највредни наоди и научни трудови. Токму во таа насока, мојот тим веќе работи на усогласување на меморандум за соработка со општина Бонди, како прв чекор кон збратимување и воспоставување на партнерство помеѓу двете општини.

Тука не ја исклучуваме и Швајцарија, односно Женева и Лозана, каде се чувствуваат длабоки траги од неговото присуство и дејност на почетокот од 20 век.

Убеден сум дека само преку взаемна соработка меѓу трите држави ќе обезбедиме соодветно претставување на неговиот лик и дело кое има вонвременско значење

Нека му е вечна славата на д-р Анастас Коцарев кој спомен го чествуваме денес за да не биде заборавен и од идните генерации– подвлече Пецаков.

Во рамки на настанот беше прикажан документарен прилог и се читаа фрагменти од книгата што во негова чест ја пишува неговата внука д-р Соња Трпезановска- Коцарева. Свое обраќање имаше и директорката на Музејот, Анче Илиевска, поранешниот претседател на МАНУ академик, Љупчо Коцарев и градоначалникот на општината Бонди во Париз каде живеел д-р Коцарев, Стефан Ерве.

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на д-р Коцарев  се одржа паралелно во Скопје и Париз во координција со општина Бонд  и здружението „Заборавени Македонци“ и македонската заедница  во Франција кои секоја година чествуваат на неговото вечно почивачиште на старите градски гробишта во Бонди.