На 23.03.2025 околу 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле .(21) годишно лице од с.Шум, струшко и (22) годишно лице од Струга. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
