АктуелноОхрид

Лишени од слобода двајца стружани кои во семејниот дом нападнале жена, член на семејството

На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода  лице на (35) и лице на (55), двајцата од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Струга физички нападнале 28 – годишна жена, член на семејството.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.