Охридските средношколци како што беше најавено од рано утрово групно мирно, тивко и со транспаренти во рацете се упатија кон Градскиот плоштад. Оддруваат мирен и масовен собир за да им оддадат должна почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
– Охридските средношколци, во спомен на настраданите во Кочани организираат масовен собир на плоштадот во Охрид. Со палење свеќи, цвеќе и петминутен молк ќе им оддадат почит на жртвите од пожарот во Кочани, информираат организаторите.
