АктуелноОхрид

ЈЗУ Општа Болница Охрид изразува сочуство до фамилиите на загинатите во синоќешниот пожар

Со длабока тага ја примивме веста за трагичната загуба на млади животи. Оваа ненадоместлива болка ја чувствуваме сите – нивните семејства, пријатели и целата заедница. Како лекари и медицински персонал, стоиме заедно со вас во овие тешки моменти.
Како Општа болница, ја нудиме нашата целосна поддршка – медицинска, психолошка и човечка. Нашиот тим е подготвен да помогне секому што има потреба.
Во името на целиот медицински персонал, изразуваме најдлабоко сочувство. Нека почиваат во мир.