АктуелноОхрид

Поради трагедијата во Кочани откажани се сите настани – и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува настаните

Поради трагедијата во Кочани откажани се сите настани за идната недела. Во знак на почит кон настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани и на нивните семејства, по препорака од Министерството за култура и туризам нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги откажува неколкуте настани планирани за идната недела. -Ова е тежок ден за Македонија. Со длабока тага ја примив веста за трагедијата во Кочани. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива. Ова е момент на неизмерна болка, но и на заедништво. Во овие тешки мигови, повикувам на смиреност и хуманост. Надлежните институции веќе преземаат итни мерки за помош и поддршка на погодените семејства. Нека нашите мисли и молитви бидат со оние кои го изгубија своето, а на повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша на Фејсбук министерот за култура и туризам Зоран Љутков. -Во мое име и во име на сите вработени во нашата установа изразувам длабоко сочувство до семејствата кои се борат со загубата на своите најблиски во пожарот во Кочани а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, изјави Христина Трпеска, в.д директорка на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. НУ Библиотека.