Актуелно

Излета возило од магистралниот пат Кичево -Охрид

На 10.03.2025 во 22 часот, на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу селата Ботун и Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки“, управувано од  лице на (30) од с.Коњско, охридско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила  совозачката , констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.