На ден 10.03.2025 година како дел од тековните активности, одделението за електромашински работи на ЈП ВОДОВОД Охрид изврши демонтирање на старата и дотраена потопна пумпа од бунарот Студенчишта (бунар 3).
Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирана е нова потопна пумпа со јачина од 26 kw со нов потисен цевковод.
