АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Тешка сообраќајка кај Рача , се судриле џип и мотор

Тешка сообраќајка се случи на Булевар Св. Наум Охридски кај населбата Рача во Охрид .

Неофицијално се судриле мотор и возило џип. Според првите неофицијални информации едно лице е тешко повредено.

Овој булевар секоја летна сезона одзема многу животи , а заради законската регулатива на него не се поставени т.н. легнати полицајци.