АктуелноОхрид

(ФОТО) Видео сет за интубација од денес активно започна да се користи во секојдневната работа на болницата „Св. Еразмо“

Со огромно задоволство и благодарност најавуваме дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата опрема на нашата болница, во рамките на проектот “Опремување на современ центар за физикална терапија”. Станува збор за видео сет за интубација, кој од денес активно започна се користи во секојдневната работа на болницата и значително ги подобрува процедурите и безбедноста на пациентите.
Сакаме да им се заблагодариме на Министерството за локална самоуправа и министерот Златко Перински, Владата на Швајцарската Конфедерација и амбасадорката на Швајцарија во РСМ – Véronique Hulmann за нивната поддршка и финансии, што овозможи набавување и имплементација на оваа современа опрема.
🫁 Подобра визуелизација и поголема прецизност – Видео сетот овозможува зголемен и јасен приказ на дишните патишта, што го подобрува поставувањето на ендотрахеалниот тубус.
🥼 Безбедност на пациентите – Оваа опрема минимизира ризик од повреди и компликации, особено кај пациенти со анатомски предизвици.
🫁 Побрза и поефикасна интубација – Во критични ситуации, секоја секунда е важна, а видео сетот помага за побрзо поставување на тубусот.
Нашата болница секогаш работи на подобрување на здравјето и условите на пациентите преку обезбедување висококвалитетна медицинска грижа, современа опрема и стручен кадар. Ние се стремиме да понудиме поддршка и грижа на секој пациент, создавајќи сигурна и пријатна средина за брзо оздравување. Нашиот тим постојано се обидува да ја подобри здравствената услуга и да осигура дека секој пациент добива најдобра можна грижа.