АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Циркус во Охрид

Фотографија на која се гледа акробат како изведува точка која најверојатно е дел од програма на некој патувачки циркус се појави на интернет. Фотографиран е просторот каде денес се наоѓа училиштето „Братство и единство“ , а се гледа и минарите од познатата „Крст Џамија“ во Охрид.

Нема прецизни податоци кога е настаната фотографијата, но според униформите кои ги носат војниците веројатно го опфаќа периодот по Првата Светска Војна.