АктуелноОхрид

Девојка од кавадаречко донесена со тешки повреди во специјалната болница Св. Еразмо, паднала од ученички дом во Охрид

На 13.02.2025 во 00.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди била донесена 18 – годишна девојка од кавадаречко село.

Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека при обид преку прозор да излезе од ученички дом во Охрид, паднала и се здобила со повредите.

Се работи на расчистување на случајот.