АктуелноОхрид

Приведен Охриѓанец кој заедно со друго лице нападнале сограѓанин во казино

На 08.02.2025 во 05.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид  приведоа (47)  годишно лице од Охрид кој, заедно со друг Охриѓанец, во казино лоцирано на булеварот, физички нападнале (24) годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.