На 04.02.2025 во 14.20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиja од слобода лице на (28)г. од Кичево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа дигитална вага, дробилка и други предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава











