Со цел возобнување на долгогодишната традиција која некогаш се одржувала во црквата Св. Никола во селото Подгорци, струшко, денес на иницијатива на Отец Ристе Наумоски, Отец Димитрија Павлески и Отец Зоран Попоски се отслужи парастос во чест на големиот великан и македонски револуционер Гоце Делчев.
-Некогаш се одржуваше познатата државна манифестација која за жал после триесетина години згасна , а ние како иницијатори за повторно да заживее оваа значајна културна манифестација го направивме овој настан, истакна Отец Наумоски за Охрид1.,
На настанот во црквата присуствуваа мештани и почитувачи на ликот и делото на овој голем револуционер.
