“Преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари во ЈЗУ Општа Болница Охрид се обезбедени околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок. Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот на работа во операционите сали кои функционираат во склоп на ЈЗУ Општа Болница Охрид” изјави в.д. Директорот Спец. Д-р Горан Маркоски.
