Наш ИзборНаш изборОхрид

Приведен охриѓанец кој не застанал со возилото, кое го управувал под дејство на алкохол, и избегал од полицијата

На 2-ри февруари 2025 година, во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишено е од слобода 42-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј, кое претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанало и избегало од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото.

– Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол поради што е исклучен од сообраќај и ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.