АктуелноОхрид

Во Кичево, неколку кучиња скитници нападнале 12 – годишно момче

На 30.01.2025 во 14.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, неколку кучиња скитници нападнале 12 – годишно момче од Кичево, кое со повреди било однесено во Општа болница во Кичево. Таму, му биле констатирани телесни повреди и му била пружена медицинска помош.