АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Охрид кој бесправно градел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (40)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

На катастарска парцела во Охрид во државна сопственост, спротивно на одобрен основен проект, тој неовластено извршил проширување со узурпирање на дворно место од заеднички станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор и било донесено решение за отстранување на градбата.