Со цел да се оддаде достојна почит и вечен спомен на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде на моја лична иницијатива до Советот на Општина Охрид поднесена е Предлог одлука за Домот на културата во Урбана заедница „Кошишта“ да го носи неговото име.
Предлог одлуката за новиот назив на културниот објект кој е во сопственост на Општина Охрид е доставена како дополнување на дневниот ред на 52 рата седница на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи утре. Ги повикувам советниците да гласаат за усвојување на оваа точка.
Познатиот професор по виолина Методија Бараковски – Менде и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, почина минатата седмица во 82-та година од животот. Бараковски беше еден од најистакнатите дејци од културниот и музичкиот живот во Охрид. Целиот свој работен век тој го посвети на најмладите таленти во нашиот град.
Охриѓани секогаш ќе се сеќаваат и ќе го почитуваат неговиот придонес во зачувување на македонската традиција и културните вредности, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Пецаков: На моја лична иницијатива до Советот поднесена е Предлог одлука за Домот на културата во Урбана заедница „Кошишта“ да се вика Методија Бараковски-Менде
Редакцијајануари 29, 2025
posted on