Мартин Гоџо е најсреќниот оваа година! Тој успеа да го фати Светиот крст што беше положен во водите на Охридското езеро.
Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи крстот во Охридското Езеро. Голем број на претставници и државниот врв, претседателката на Македонија се присутни. Во Охрид секоја година е централната манифестација, но годинава по сите параметри беше и најпосетена и како што доликува на Балканскиот Ерусалим. Му посакувам многу здравје, среќа и успех на фаќачот на крстот Мартин кој по вторпат го фаќа крстот. Од Општина Охрид за фаќачот на крстот има икона и рачно изработен филигран традиционално како и секоја година.
Прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици продолжува на Градскиот плоштад со настап на Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.
Рано утринава присуствував и на осветување на водите од Охридското езеро во Пештани.