ГРК Охрид со неверување ја прими веста за смртта на прославениот ракометен ас, поранешен репрезентативец и актуелен тренер на РК Пролет Александар Јовиќ, кој почина ненадејно синоќа.
– Александар Јовиќ и како играч и како тренер беше пример за професионалец кој неизмерно го сакаше ракометот. Тој целосно се вложуваше на теренот, а со голем жар подоцна продолжи во ракометот како тренер на повеќе македонски тимови. Изразуваме длабоко сочувство кон семејството на Јовиќ и РК Пролет за големата загуба.
ГРК Охрид