Од 14:30 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информира ЈП Македонијапат.
Во моментов сообраќајот се одвива многу тешко. Колони возила се обидувааат со минимална брзина да се движат по коловозот.
Претходно поради слаба видливос и авиони кои требаше да слетаат во Охрид беа пренасочени во Тирана.
Инаку ЈП Македонијапат претходно соопшти дека се воведени забрани за камиони од превентивни причини на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, на патот Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и од Делчево до ГП Делчево.
ЈП Македонијапат претходно информираше дека пуштен за сообраќај за товарни возила е патот Деве Баир – Крива Паланка.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информираше ЈП Македонијапат.
Од претпријатието додадоа дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата, а дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
фото: ТОМЕ КАМНАРОВСКИ