Вевчанци на ситно ги одбројуваат не веќе деновите, туку саатите до почетокот на големиот настан за кој живеат низ целата година, Вевчанскиот карневал.
Особено тоа може да се забележи во Василичарското друштво Долна мала каде секојдневно се собираат вевчанци околу последните подготовки за карневалот а се позачестени се и свирките кои се вежбаат за самиот ден. Со еден збор кажано веќе атмосферата се загрева полека а кулминацијата ќе биде на 13ти јануари кога и официјално започнува овој најстар карневал во Македонија.
Според информациите од Василичарското друштво Долна мала, за оваа година одредени се Владо Велскоски и Анѓелко Кожески за долномаалски зет и деневста од страдиционалните маски, а сите други маски таинствено се чуваат во голема тајна се до почетокот на карневалот.
Музичкиот дел на годинешниот Вевчански карневал започнува на 12 јануари во недела со настап на музичката македонска група „Ареа“ и познатата поп Ју група „Забрането пушење“.