АктуелноОхрид

Две лица од село Белчишта се степале во Охрид

На 08.01.2025 во 23.15 часот, во угостителски објект на улица „15 Корпус“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице на (21) од Охрид врз  лице на (20) од селото Белчишта, општина Дебрца.

По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.