Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.
несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници лице на (20) од селото Велмеј, општина Дебрца и лице на (21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.