СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (54) од Охрид поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми со различен калибар кои неовластено ги поседувал.