На 04.01.2025 година во 23:25 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишен од слобода е лице на (69) од Струга кој претходно, управувајќи патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, на пресекот со улицата „Партизанска“, удрил во сообраќаен знак и избегал.
По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој го управувал автомобилот под дејство на алкохол поради што, против него, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик ,,Безобзирно управување со моторно возило“.