На 28.12.2024 год во 17:20 часот, при контрола во струшкото село Лабуништа, полициските службеници го затекнаа лице од истото село, при нелегален истовар на дрва од товарно моторно возило, за кои, немал соодветна документација.
Притоа, повикан е претставник на Шумската полиција од Струга со цел преземаање понатамошни мерки. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.