АктуелноОхрид

Одземена ловна пушка од лице од Боровец

На 28.12.2024 година во 12.45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, од  лице на (30) од селото Боровец, одзедоа една ловна пушка и дозвола за истата.

Тој, претходно во атарот на селото Нерези, упатил закани по живот кон  лице на (47) од Вевчани, вработен ловочувар во „Црн Камен“ Вевчани кој во тој предел, вршејќи контрола, го затекнал лицето  и уште три други лица.

 

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.