АктуелноОхрид

Обвинение за Мерко за поттикнување на етничка омраза и раздор, одземен му е пасошот

Рамиз Мерко ставен на стоп листа,поради опасност од бегство одземени му се сите патни и други исправи за преминување на државната граница. Првиот функцонер од ДУИ кој се најде на американската црна листа поради корупција и мешање во судски процеси се соочи со ново обвинение. Овој пат за скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга, а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда надвор од сите правни процедури,без гласање на Советот по системот на бадентер. Како што соопштението од ОЈО, со последното поднесено обвинение  во основните судови во Струга и Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

„Обвинетиот, како градоначалник на Струга, во март, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење  надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон”, соопштија од ОЈО Струга

Прекришувајќи го законот за употреба на македонскиот јазик, спомен плочата на која пишуваше : Основно училиште “Kонгрес во Битола” -1ви септември 1941 година,беше испишани само на албански и го велича фашистичиот период во кој Струга била под италјанска окупација,чиј соработник била Кралска Албанија. На конгрес во Битола бил востановен албанскиот јазик.Бидејќи спомен плочата не била во 5 годишната програма на општината, министерството за култура  прекршочно го казни со глоба од 1.500 евра.За новонастаната сиутација се огласи адвокатот на Мерко,кој поднел и жалба.

Прекршочната постапка е правосилно завршена, што упатува на заклучокот дека кривичната постапка воопшто не би требало да биде поведена, со оглед дека постои законска забрана за гонење и судење за исто дело“ , вели Игор Петковски, адвокат

Во жалбата меѓудругото стои и дека нелогично било да се даде во бегство фамилијарен човек кој како градоначалник уживал голем углед во локалната средина каде што живее.Социјалните мрежи вријат,се огласи и пратеникот од владеачката коалиција “Вреди ”,Беким Ќоку. Според него, мерките се преземени за да се спречи евентуалното бегство на Мерко, откако поранешниот вицепремиер и негов сопартиец Артан Груби, кој е осомничен за милионска проневера во Државната лотарија, избега од државата пред да биде уапсен.

Инаку Мерко се товари и за незаконско поставување на директори во основни училишта,за набавка на луксузното возило ауди А6. Тој е трето обвинет и во случајот со бесправно градење на објект во еден струшки хотел.

 

извор: АЛФА