На ден 24.12.2024 во ЗП Охрид и Дебарца се одржа четвртата седница на собранието во мандатниот период од 2023 до 2027год, во проширен состав со која раководеше Ристо Трајкоски, претседател на собранието. Покрај членовите на собранието присуствува и членови на повеќе органии тела на ЗП.
Согласно усвоениот Дневен ред седницата на собранието беше поделена во два дела (работен и свечен) . Во работниот дел беше избран записничар и два заверувачи на записникот на седницата, се усвои записникот од 3та седница на собранието, беше дадена усмена информација за позначајните активности во 2024од страна на Васил Маркоски претседател на извршниот одбор, се усвои одлука за измена и дополна на Финансискиот план за 2024 а се донесоа програамата за работа и финансискиот план за 2025 на ЗП Охрид и Дебарца.
За донесувањето на програмата за работа за 2025г присутните членови на собранието активно учествуваа со поголем број на нови предлози и дополнувања.
Посебно беше потенцирана потребата за подобрување на стандардот на пензионерите и неопходната потреба за изградба на државен дом за стари лица , за зголемување на хуманитарната , социјалната и здравствената помош на пензионерите со ниски пензии, на стари, болни и изнемоштени пензионери и крводарители.
Како актуелен проблем исто така се наметна и потребата за реновирање и заштита на објектот- домот на пензионерите во Охрид.
Во свечениот дел се честиташе новата 2025г и се подели рекламен новогодишен материјал на сите присутни на седницата.4
ЗП Охрид и Дебарца,
Комисија за информирање