Има многу пријави за Универзитетот на Мерко. Ќе продолжат посетите и контролите на оваа институција во Струга, порача денеска на седницата за советнички прашања во Собранието на Република Македонија министерката за образование и наука Весна Јаневска.
На почетокот на октомври годинава беше поништена одлуката за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, затоа што не ги исполнувал условите за почеток со работа.
Зад Меѓународниот универзитет во Струга стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на кого, по серијата обвиненија, му се заканува одземање на ингеренциите во делот на образованието. Тој се обвинува дека незаконски поставувал директори во повеќе основни училишта во општината, за што од Министерството за образование и наука извршиле вонредни контроли во повеќе општински училишта.
Против Мерко во моментов се покренати повеќе обвиненија, од кои пет за незаконско поставување на директори.
извор: ОхридПрес