Во рамки на новогодишното украсување на градот, со цел да се збогати претпразничната атмосфера, денеска во зелениот дел на градскиот плоштад во Охрид, беа поставени декоративни новогодишни реквизити.
Се работи за новогодишни макети на снешковци, гномови-дедо мраз и санка со елени во поголема димензија, кои се изработени од Зорица Азеска Спасеска, дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, вработена во ООУ„Ванчо Николески“-Лескоец како наставник по ликовно образование, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.