Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски од 13-15. 12 2024 година, учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун , Грција., на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреваувачи кои и овај патм покрај огромната конкуренција и пристрасноста на допмашните судии, се потрудија повторно да не направат горди на нив , освојувајќи 1 златен и 5 бронзени медали.
М.Т.Т.Ф ја претставуваа 3 официјални лица, 2 национални тренери и 8 натпреварувачи, од клубовите
ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
ТК “МАСТЕР” Охрид
ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга
ТК “АХИЛИУС “Скопје
Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки, која само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години, иако најмлада во категоријата докажа дека вреди во неа да се вложува, повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот ,со пет победи осовјувајќи го златениот медал во форми , и со две победи над домашни претставнички,освојувајќи бронзен медал во борби, а со осовјувајнето на двата медали во две дисциплини, го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години. Истотака и Теодора Митреска која натперварува во категорија У-18 години, освои две медали и во форми и во борби, осовјувајќи два бронзнени медали. Во сениорска Конкуренција со медали не израдуваа Боќидар Димитриевиќ и Марио Крстески осовјувајќи бронзени медали. Хриситјана Парулеска поради повреда на коленото, не и беше дозоволено да се бори од страна на докторската екипа. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевичќ, демонстрирајќи домаинантни борби над домашните претсавници, но за жал судиите безобразно им ги одзедоа победите , со што резултираше со негодување и протести, од сите репрезентации. За жал многу натпреварувачи од сите репрезентации што учествуваа беа оштетени од страна на домашните судии.